Несторовски стрелаше против Истра и му обезбеди бод на Славен Белупо (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски повторно се запиша во листата на стрелци во хрватската лига, откако денеска погоди во мечот против Истра (1-1).

Лончар погоди за предност на Истра во 22. минута од натпреварот, по што Несторовски постигна мајсторски гол за 1-1.

Славен Белупо 31 коло се наоѓа на четвртата позиција во лигата со 45 освоени бодови, додека Несторовски има постигнато седум голови и две асистенции.

Фото: NK Slaven Belupo