Нов спектакл: Усик ќе се бори против Дубоа на „Вембли“ (ВИДЕО)

Олександр Усик и Даниел Дубоа ќе се соочат на 19 јули на култниот стадион „Вембли“ во Лондон за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.

„Би-Би-Си“ објави дека тоа ќе биде нивни втор дуел во кој 27-годишниот Британец ќе се обиде да му се одмазди на 38-годишниот Украинец за претходниот пораз во 2023 година.

Дубоа во моментов е сопственик на шампионскиот појас во ИБФ, додека Усик ги има кај себе појасите во ВБА, ВБО и ВБЦ.