
„Ливерпул е фаворит и за наредната сезона, но ќе има пет конкуренти“
Легендарниот Алан Ширер зборуваше за наредната сезона и смета дека Ливерпул ќе биде фаворит за титулата, но ќе има пет конкуренти.
Ширер смета дека конкуренција на „црвените“ ќе им бидат Манчестер сити, Њукасл, Челси, Астон вила и Арсенал.
„Ќе бидам изненаден ако Ливерпул следната сезона лесно ја освои титулата. Мислам дека се фаворити, но ќе имаат голема конкуренција. Во трката за трофејот ќе бидат Арсенал, Манчестер сити, Њукасл, Астон вила и Челси“, вели Ширер.