
Штип повторно загуби, Струмица е на чекор од шампионската титула!
Струмица доминираше во првиот сет кој го доби со 25-11, но Штип во следниот успеа да возврати и со 25-19 израмни на 1-1.
Во третиот сет се водеше голема борба на паркетот, а Струмица беше подобра со 25-22, по што Штип повторно славеше со 25-13 за да израмни на 2-2 во сетови.
Актуелниот шампион со одлична игра во петтиот сет конечно стигна до 15-13 и така ја запиша втората победа.