Нестор повторно тресе: Мајсторски стрелаше за израмнување (ВИДЕО)

Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски уште еднаш денеска ја потврди добрата форма со која игра во актуелната сезона во дресот на Славен Белупо.

Несторовски во натпреварот против Истра на гостински терен го постигна својот седми гол сезонава со кој израмни на 1-1 откако претходно домаќините во 22. минута стигнаа до водство.

Екипата на Славен Белупо по 31 коло сезонава се наоѓа на четвртата позиција со 45 освоени бодови, а Нестор е еден од најважните во тимот.

Фото: NK Slaven Belupo