
Интер остана без еден од најважните фудбалери за дуелот со Барселона
Калчолигашот се соочува со дополнителни проблеми пред мечот против Барселона во Лигата на шампиони (ЛШ), односно првиот полуфинален меч ќе го пропушти Бенжамин Павар.
Павар се повреди во дербито против Рома, па нема да биде подготвен за гостувањето кај Барселона на 30 април, а „Газета дело Спорт“ пишува дека Јан Бисек ќе биде замена за францускиот дефанзивец.