Познати паровите на Ф4-турнирот во женската ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одржа ждребка за Ф4-турнирот во женската Лига на шампиони (ЛШ) по што ги објави полуфиналните натпревари.

Ѓер ќе се соочи против Есбјерг во првото полуфинале, додека во второто ќе играат Оденсе и Мец.

Најпрво на теренот ќе се појават Ѓер и Есбјерг на 31 мај од 15 часот, а три часа подоцна ќе се соочат Оденсе и Мец.

Финалето во женската ЛШ е закажано за 1 јуни од 18 часот.