
Лазаров објави список со 35 ракометари за натпреварите со Естонија и Литванија
На списокот на Лазаров има 35 ракометари и од нив ќе селекторот ќе ги избере ракометарите со кои ќе се обидеме да дојдеме до пласман на континенталниот собир наредната година.
Списокот е без изненадувања и тука се оние кои и досега беа во комбинација.
Првиот натпревар го играме против Естонија на 8 мај во Талин, додека на Литванија ќе бидеме домаќини на 11 мај од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.