Шкендија се засили со поранешен фудбалер на Клуж
Нов фудбалер на тетовскиот тим е 25-годишниот фудбалер Дрилон Ислами, кој неодамна го прекина договорот со романски Клуж.
Косовскиот интернационалец потпиша договор со Шкендија на две ипол години, па се очекува да биде големо засилување за тимот од Тетово.
Вардар е лидер во моментов со 42 бодови, по што следи Струга со 41 поен, а на третата позиција е Шкендија со 36 бода.
Фото: ФК Шкендија