Работнички „раскина“ со уште еден тренер - наскоро ќе го добие четвртиот сезонава!

Eкипата на Работнички вториот дел од сезоната ќе го започне со четвртиот тренер од почетокот, откако дебармаалци се разделија и со Србинот, Ален Тупајиќ.

Тупајиќ на клупата на Рабтнички пристигна по разделбата со Бор, меѓутоа не успеа да донесе подобри резулати, па си замнува по само еден месец.

На клупата дојде на местото на Турчинот, Ердем Арпаслан.

Во втората половина од сезоната, Работнички го чека тешка борба за опстанок бидејќи во овој момент се наоѓа на претпоследното место на табелата.