
Пелистер се засили со уште еден фудбалер од Србија!
Станува збор за 27-годишен фудбалер, кој може да покрие неколку позиции во средниот ред, што дополнително ќе ги зацврсти редовите на тимот пред новата сезона. Битолчани со оваа аквизиција продолжува активно да го комплетира ростерот во летниот преоден рок, имајќи предвид дека првенството стартува во вториот викенд од август. Белиќ досега настапувал за неколку српски клубови – меѓу нив Мачва, Дрина Љубовија, Лозница, Дубочица, а последен клуб му бил Вождовац.
Составот од Битола претходно се засили со Лука Булатовиќ, Немања Здравковиќ и Петар Ристиќ, кои се сонародници на фудбалерот промовиран денеска.