Пелистер се засили со една од најголемите утки зимоска на Шкендија

Шкендија пред неколку дена објави дека португалскиот фудбалер Алдаир Нето си заминува, откако не му била понудена нова соработка, а тоа го искористи Пелистер, кој се засили со една од најголемите утки зимоска на тимот од Тетово.

Нето одигра само два меча минатата полусезона откако пристигна во Тетово, па не беше чудно тоа што го напушти клубот, а сега ќе се обиде да ја поправи својата форма и да ја оправда дадената доверба од тимот од Битола.