Максимов: Македонското првенство е тешко, а инфраструктурата е многу лоша!

Рускиот напаѓач Максим Максимов дојде летоска како големо засилување во Вардар, во бурниот трансфер од Тракаи, за кој Литванците дури го пријавија случајот во ФИФА поради наводни неправилности. Но, од Русинот очекувањата беа многу големи кај јавноста, а тој барем во досегашните шест месеци откако дебитираше не ги оправда докрај очекувањата со своите голови.

Максимов досега во 17 меча за црвено-црните даде шест гола и заедно со Тигран Барсегјан се вторите најдобри стрелци на овој тим, еден гол зад „деветката“ Дејан Блажевски. Максимов во мини-интервју за руски „Спорт Дејли“ со упати многу пофалби за Вардар, но и за Шкендија, посочувајќи дека овие два макеоднски прволигаши нема да се „загубат“ ако би играле во најсилната руска Премиерлига.

„Во Македонија сум повеќе од шест месеци и сето ова поминато време покажа дека не здрешив што дојдов, затоа што направив чекор во вистинска насока. Во Вардар имам одлични услови, каде секој млад фудбалер може добро да работи и да напредува. Во Скопје од првиот ден бев топло пречекан и јас се трудам постојано да ги израдувам навивачите“, вели Максимов.

Сепак, Русинот, кој не можеше да ира во Лига Европа поради проблемот со неговата регистрација поради отпорот од Тракаи, а таму Зенит им покажа дека е друга димензија за вардарци, а тој историски прв настап на крајот го плати цехот, па Вардар остана без титулата за која сега е на неверојатни 23 бода зад Шкендија.

„Имаше многу промени во текот на летото, дојде нов тренер, па во текот на сезоната си заминаа многу фудбалери и се разбира и во таква ситуација, клубот пак поставуви високи цели за да биде прв, но можеби во некои ситуации ние не игравме доволно тимски и не се разбиравме доволно на теренот“, ги објаснува причините за слабата сезона во Првата лига, Максимов.

Тој посочи дека македонското првенство не е така слабо како што изгледа, затоа што има низа израмнети екипи, кај кои тешко се совојуваат бодови.

„Јас со нетрпение чекав да дебитирам и по трансферот од Тракаи, секојдневно чекав ФИФА да ја даде дозволата за да можам да почнам да играм. Дебитирав на дербито со Шкендија, изнудив пенал и потоа ги победивме. Генерално, македонското првенство е многу тешко, многу клубови се израмнети, постојано има битка за бодови и лесно се губат бодови. Но, многу клубови имаат проблеми со инфраструктурата, освен Вардар и Шкендија. Јас мислам дека овие два тима, нема да се 'загубат' во руската Премиерлига“, заврши Максимов.