Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров денеска триумфираа со 2-1 против Воска, но тоа не беше доволно за пласман во финале на Купот на Македонија поради поразот во првиот меѓусебен дуел од 0-2.

Воска стигна до водство во Ѓорче Петров во 13. минута кога Јахији го матираше голманот на домашната екипа, но радоста на гостите не траеше долго бидејќи Самир Фазли во 25. минута израмни на 1-1.

Македонија ЃП направи и целосен пресврт со погодокот на Крсте Велкоски во 64. минута, по што актуелниот освојувач на Купот тргна и по трет гол, но до крајот не успеа да стигне до посакуваната цел.

Во вториот полуфинален меч во Купот на Македонија играат Тиквеш и Шкупи.