Љубовта нема граници: Теодора и татко ѝ патуваа скоро 2.000 километри за да го гледаат Пелистер

Синоќа во Скопје се одигра најголемото дерби во македонскиот фудбал, меѓу Вардар и Пелистер, а на трибините на Градски имаше интересни гости.

Меѓу фановите на двата клуба се најде и малата Теодора и нејзиниот татко кои во главниот град патуваа околу 2.000 километри, од германскиот Есен за да го бодрат својот Пелистер. Со навивачки реквизити на битолскиот клуб, тие им дадоа поддршка „зелено-белите“ кои, сепак, не успеаја да остварат добар резултат и загубија со 1-4.

За спомен, Теодора се фотографираше со дел од фудбалерите на Пелистер кои со задоволство позираа со неа.