И Градоначалникот на Виница распали по ФФМ: Поради вас, спонзорите се откажуваат!

Градоначалникот на Виница, Илија Димитров жестоко распали по Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и фарсата од фудбал што ја направија во куќата на фудбалот со доигрувањето и проширувањето на Првата лига, како и суспензијата на фудбалот во пониските лиги, освен за најдобрите третолигаши кои ќе треба да играат баражи за пласман во Втората лига.

Тешко дека некој може да го сфати системот што УО на ФФМ денеска го изгласа, а веќе подолг период го крчкаше, па ако Беласица и Пелистер се израдуваа на пласман во елитата, а пола прволигаши ги „купија“ со неиспаѓање од Првата лига, жестоко и бурно е во пониските лиги. Оттаму, Димитров сега посочува дека ФФМ со ваквите одлуки ги брка спонзорите од фудбалот.

„Ќе го искажам моето лично незадоволство за одлуката што денес е донесена од УО на ФФМ.

Очигледо е дека ФФМ има двоен аршин кон клубовите од Третата Фудбалска Лига наспроти останатите две т.е. Првата и Втората Македонска Фудбалска Лига. Морам да го истакнам фактот што на одредени клубови во првата и втората фудбалска лига им се прогледува низ прсти се со цел да останат во своите натпреварувања на сметка на третолигашите. Како е можно двете прво пласирани екипи од вторите фудбалски лиги без доигрувања директно да влезат во Првата МФЛ а првопласираните од Третата МФЛ да играат бараж. Срамно и жално е ФФМ да се претставува дека се бори вистинските љубители на фудбалот да се вратат на трибините а работи токму на спротивното. Само да ве информирам дека и клубовите од третите фудбалски лиги имаат потрошено доста финансиски сретста а притоа и на нивните натпревари имало публика повеќе од 1500 љубители на фудбалот што е многу повеќе од многу праволигаши.

ФК Слога 1934 есенскиот дел го заврши без примен гол со скор од 36:0 (голови) и притоа сите 10 натпревари кои ги играше ги победи во Третата МФЛ - Југ и сега токму поради оваа срамна одлука на УО со играње бараж да зависи од еден натпревар целата сезона.

Токму поради ваквите одлуки спонзорите и вистинските љубители на фудбалот креваа раце“, објави Димитров.

Ќе го искажам моето лично незадоволство за одлуката што денес е донесена од УО на ФФМ. Очигледо е дека ФФМ има двоен...

Posted by Ивица Димитров - Градоначалник на Општина Виница on Friday, May 29, 2020