
Голман и физиотерапевт на Влазрими го натепале судијата – ги пријавил во полиција!
До моментот на инцидентот резултатот беше 0-0, а тензиите ескалираа откако судијата досуди пенал за Тетекс. Одлуката дојде по дуел во шеснаесетникот на Влазрими, што Младеновски го оцени како прекршок за најстрога казна. Судијата по средбата инцидентот го пријавил во полиција.
Од тетовската полиција информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 19 часот.
„Судијата М.М (38) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Тетекс од Тетово и Влазрими од Кичево, на кој бил судија, при прекин на играта бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа“, информираат од СВР Тетово.
Наместо продолжување на играта, натпреварот беше прекинат, а се очекува Фудбалската федерација на Македонија да реагира и да преземе соодветни мерки за инцидентот.