
ФФМ потврди: Беса ја напушти Втората лига - утре ќе се одлучува за испразнетото место!
Беса одлучи сепак да го расформира првиот тим и да не игра во Втора лига. Одлуката дојде пред да биде направен распоредот за новата сезона, па ФФМ нема многу време за размислување како ќе го пополни местото. Има две опции, едната е местото да го превземе екипа која требаше да игра третата лига или пак да се игра со тим помалку од планираното, па секое коло да има по некој слободен.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека ФК БЕСА 1976 АД Добри Дол официјално прати известување до ФФМ дека нема да настапува во Втората македонска фудбалска лига во сезоната 2025/2026.
Од клубот информираат дека во текот на денешниот ден до ФФМ ќе биде доставена и формалната одлука од Бордот на директори со образложение за постапката.
Во однос на понатамошните чекори, ФФМ ќе донесе одлука дали и како ќе биде постапено со испразнетото место во лигата.
ФФМ ќе ја донесе конечната одлука до утрешното извлекување на распоредот за новата натпреварувачка сезона, закажано за 30. јули 2025 година“, стои во соопштението на ФФМ.