Академија Пандев задутре против Црвена Звезда на контролка во Анталија

Српскиот великан и поренешен европски првак Црвена Звезда задутре од 15 часот ќе одигра тест-меч со Академија Пандев на зимските подготовки во Анталија (Турција).

Пандевци ја најавија опцијата за тест со белградските црвено-бели за 1 февруари, но откако пропадна опцијата на белграѓани да одиграат пријателски меч со Марибор, влезаа струмичани.

Четата на Александар Васоски ќе има сериозен тест против екипата на Дејан Станковиќ, која се подготвува за продолжението на сезоната, но и за европската пресметка со Милан во шеснаестинафиналето во Лига Европа.

Црвена Звезда после мечот со Академија Пандев ќе има уште еден меч и тоа со украински Шахтер во недела, како генерална проба на овие подготовки, додека струмичани во Анталија ќе претстојуваат една недела повеќе до 8 февруари.