Здодевен фудбал и елиминација на Србија: Избраниците на Пикси повторно разочараа!

Вечерашните натпревари од групата „Ц“ ја донесоа убедливо најздодевната вечер досега на Европското првенство. Во двата натпревари не само што немаше голови, туку видовме и премалку прилики за гол.

 

Србија и Данска влегоа во натпреварот со желба да победат, но на крајот одиграа за Словенија која извлече бод против Англија, доволен за третата пзиција.

Словенија и Данска беа максимално изедначени, дури имаа и ист број на жолти картони. Но Данска остана второпласирана само поради подобриот рејтинг. Словенија од друга страна не е елиминирана и како трета оди во осминафиналето. Англија која не играше убедливо во сите три натпревари, сепак како првопласирана поминува во следната фаза.

Најголемата шанса Србија за погодок и осминафинале ја пропушти кога по еден шут на Јовиќ топката од еден дански фудбалер заврши зад грбот на Шмајхел. Тој гол беше оправдано поништен поради недозволена позиција.