Ристовски: Не сум арогантен, но титулата повторно ќе се слави на Максимир!

Во сабота се игра големото хрватско дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб, а македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски верува дека на крајот неговиот тим ќе дојде до титулата.

Интересна е борбата за титулата во Хрватска каде дури три екипи рамноправно ја напаѓаат. Прва е Ријека со 59 бодови, втор е Хајдук со 55, трет е Динамо Загреб со 54 но и натпревар помалку.

Во сабота на Пољуд во Сплит се игра големото дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб. Стефан Ристовски верува дека на крајот неговиот тим ќе ја слави титулата.

„Уверен сум дека успешно ќе ја завршиме сезоната. Ма секако дека така ќе биде, не сум арогантен, ниту препотентен, знам што зборувам и знам каков квалитет имаме во соблекувалната. Почит за секој, но титулата повторно ќе се прослави на Максимир“, изјави Ристовски.