Ракитиќ плачеше на клупата додека неговите соиграчи ја славеа победата над Ријека (ФОТО)

Екипата на Хајдук синоќа ја совлада Ријека (2-1) во големото хрватско дерби од 35. коло на Првата хрватска фудбалска лига (ХНЛ), задржувајќи ги шансите за титула до последното коло.

Сплиќани со оваа победа се доближија на само два бода зад водечките Динамо Загреб и Ријека. Во завршната рунда, Хајдук ќе му гостува на Шибеник, Динамо го пречекува Вараждин, а Ријека ќе игра дома против Славен Белупо. Клучен момент на натпреварот беше асистенцијата на Иван Ракитиќ за победничкиот гол на Трајковски.

Ветеранот десетина минути се повреди и со солзи во очите мораше да ја напушти играта, а потоа плачеше додека неговите соиграчи ја прославуваа победата. Засега не е познато колку е сериозна повредата, ниту дали ќе биде подготвен за последниот натпревар од сезоната, кој може да му биде последен во кариерата, барем според најавите од Хрватска. Ракитиќ се приклучи на Хајдук минатото лето, а досега има одиграно 38 натпревари, постигнато два гола и пет асистенции.

ФОТО: X / @TheCroatianLad