Страшен старт: Ракометарка во Србија бездушно повреди противничка (ВИДЕО)

Ракметарката на Железничар, Наташа Четковиќ доживеа тешка повреда во натпреварот против Црвена Звезда која заврши со победа на црвено-белите од 29-23, но помина и во многу тензична атмосфера.

Четковиќ. која има само 19 години и игра како лево крило, доби силен удар во пределот на стомакот поради кој остана да лежи на паркетот повеќе од десет минути, а неколку пати губеше и свест. На моменти таа и тешко дишеше поради што итно била пренесена во Ургентиниот центар.

„Двапати ми направија скенер на главата и абдоменот бидејќи во неделата се разбудив со силни болки. За среќа резултатите беа уредни, имам потрес на мозокот, но бидејќи неколку пати останав без свест морам да мирувам најмалку две недели. Кога во прашање е абдоменот поради силниот удар имам болки“, изјави Четковиоќ за „Спортски Журнал“.

Инаку, ракометарките на Железничар го напуштија натпреварот пред истекот на времето во знак на протест поради неспотското однесување на домашните ракометарки. Од редовите на овој тим и уште две ракометарки завршиле во Ургентниот центар, но тие поминале со полесни повреди.