Лука Модриќ: Најголем ќотек досега имам изедено во - Требиње!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ неодамна ја промовираше својата автобиографија во која го опиша периодот додека настапуваше во Премиерлигата на Босна и Херцеговина.

Модриќ во сезоната 2003/04 го носеше дресот на Зрињски од Мостар, а во книгата се присети на деновите поминати во босанскиот шампионат.

„Кога почнав да тренирам, во очите на експертите и навивачите видов нешто што ме следи цела моја кариера: Па каде ова слабо момче ќе игра во Премиерлига?! Веќе бев имун на тие сомнежи, па тоа не ме загрижуваше. Вистина е дека очекував противниците да бидат агресивни, но бев подготвен“, вели Модриќ.

Хрватот откри и во кои градови на Босна и Херцеговина добил најмногу ќотек и поради што.

„Премиерлигата беше многу груба, посебно беше тешко да се игра на гостување. Најлошо беше во Требиње, а за нијанса помалку потешко беше во Бања Лука и Зеница. Судиите едноставно не ги штитеа гостинските фудбалери. Добив ќотек по нозе. Во Требиње ми настрадаа најмилите штитници, со ликот на Роналдо, кои ги чував. Еден противник успеа да направи дупка во нив, но за среќа не заработив повреда“, порача Модриќ.

Хрватскиот фудбалер раскажа и за атмосферата на стадиониот ширум БиХ, како и за тоа дека ќотекот го направил подобар фудбалер.

„Научив брзо да се извлекувам од дуел. Тоа многу ми помогна, па физички добро ги одработував натпреварите, а единствен проблем имав со грчови. Од друга страна, на стадионот имаше многу гледачи на силни натпревари со Широки Бријег, Сараево, Железничар. Навивачите често создаваа импресивна атмосфера, но се чувствуваше меѓунационална напнатост“, вели Хрватот.