Игор Бишчан ќе им биде тренер на Велковски и Жута во Риека

Поранешниот хрватски репрезентативец Игор Бишчан, кој важи за еден од најталентираните млади тренери во Хрватска ќе им биде нов шеф на макеоднските интернационалци Дарко Велковски и Леонард Жута во бившиот хрватски првак Риека.

Бишчан за да ја преземе Риека, иако со кипарски Анортозис имаше предоговор. Бишчан беше тренер на љубљанска Олимпија со која стана првак на Словенија, но доби отказ во јуни годинава. Доаѓа на местото на Матијаж Кек, кој поради слабите резултати во нивата сезона, си поднесе оставка.

„Сакам да му се извинам на целото семејство во Анортозис, на навивачите, на управата кои ми дадоа шанса. Потпишав договор, сакав да дојдам, но се сменија околностите. Се извинувам уште еднаш за оваа збунувачка ситуација. Срам ми е на некој начин, но единствена причина за сето тоа е моето семејство. Семејството сака да живее во Хрватска. Кога си заминав од Олимпија, три месеци бев без работа, но ја прифатив понудата на Анортозис. Сепак, се појави Риека, тоа е клуб од мојата земја и таму ќе продолжам“, рекол Бишчан.

Тој за хрватската репрезентација дебитираше во 2000 година против Македонија, а е дете на Динамо Загреб, потоа играше за Ливерпул и Панатинаикос, а во 2012 година ја заврши фудбалската кариера каде и што ја почна – во „модриот дрес“.