Европски гигант нуди 25 милиони евра за најголемиот талент на Динамо Загреб!

Најталентираниот фудбалерот во тимот на Динамо Загреб, Мартин Батурина, е во фокусот на интересот на францускиот гигант ПСЖ, пишуваат хрватските медиуми.

Составот од Париз се подготвени да понудат 25 милиони евра за талентираниот 21-годишен член на загрепчани. Оваа понуда доаѓа откако „модрите“ ја одбија претходната понуда од 18 милиони евра од италијанската Фиорентина.

Иако за Батурина интерес покажаа и други клубови, вклучително и Реал Мадрид, францускиот клуб е моментално најсериозен кандидат. Доколку трансферот се реализира, постои можност талентот да остане во Загреб на позајмица до крајот на сезоната.