Белград обоен во „црно-бела“ боја: Партизан славеше против Ц. Звезда за финале! (ВИДЕО)

Со голот на Бибрас Натко во 58. минута, екипата на Партизан славеше со 1-0 во полуфиналниот дуел против Црвена звезда и тој начин го трасираше патот кон ново финале во Купот на Србија.

Како и до сега, мечот го одбележаа неколку инциденти пред и за време на натпреварот, но на крајот се заврши во најдобар ред. Исто така имаше и неоклку спорни одлуки од страна на судиите, пред се на штета на „црвено-белите“.

„Црно - црните“ во финалето ќе ги одмерат силите против Војводина, која денеска беше подобра од Чукарички со 0-1.  

Инаку, вечерва имаше околу 15.000 навивачи на стадионот на Партизан - „ЈНА“, но според фотографиите и видеата кои пристигнаа од српските медиуми, очигледно е дека овој број бил далеку поголем.