„Делии“со факел го гаѓаа голманот на Партизан (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена звезда ја продолжуваат војната со поранешниот играч на српската репрезентација, Владимир Стојковиќ.

Популарните „Делии“ не го заборавија „предавството“ од пред неколку години, кога сегашниот капитен на „црно-белите“ ги бранеше боите на Звезда, но потоа одлучи да застане меѓу стативите на Партизан.

Кога Стојковиќ излезе на терен за врмее на загревањето, започнаа навредите од страна на навивачите на Звезда.

Освен извикот „Мустафа, Мустафа“, беше фрлен и еден факел од северната трибина на стадионот Партизан кој паднал во близина на Стојковиќ.