Перфектен крај: Трајковски со хет-трик ја заврши сезоната во Хрватска (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски блесна во победата на Хајдук Сплит и постигна три гола во дуелот против Локомотива Загреб (5-2) во последното коло од хрватското првенство.

Трајковски постигна два гола во првото полувреме, и тоа во 18. и 38. минута, додека хет-трикот го комплетираше во вториот дел, односно 72. минута кога стрелаше за конечни 5-2.

Сите голови на Трајковски може да се погледнат ТУКА.

Македонецот ја заврши сезоната со седум голови и три асистенции во хрватската Суперлига.