Легендарниот Миура на 57 години се сели во нов клуб

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Јапонија, Казујоши Миура нема намера да стави крај на кариерата иако има 57 години.

Во овој момент тој е фудбалерн а Јокохома, а од јануари беше на позајмица во Португалија во тимот на Оливеиренсе. Сега по крајот на позајмицата се враќа во неговата татковина, но ќе оди на нова позајмица.

Во следната сезона тој ќе настапува за Атлетико Сузука, тим од четвртата лига во Јапонија.

Голема е веројатноста да биде професионален фудбалер и идниот февруари кога ќе наполни 58 години.