Реал Мадрид ремизира против Бетис: „Бернабеу“ му се поклони на Крос (ВИДЕО)

Шпанскиот шампион Реал Мадрид ја заврши сезоната со реми против Бетис (0-0), а мечот го одбележа и „шпалирот“ за германскиот репрезентативец Тони Крос.

Бетис постигна гол преку Џони Кардосо во 39. минута, но погодокот набрзо беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.

Во второто полувреме гостинскиот состав беше опасен кон голот на „кралевите“, меѓутоа резултатот не се менуваше до крајот на средбата.

Реал Мадрид ја освои лигата со 95 бодови, додека Бетис заврши на седмата позиција со 57 бода.