Милан прокоцка триумф против „фенерџијата“ (ВИДЕО)

Италијанскиот вицепрвак Милан одигра 3-3 против Салернитана во последното коло од Серија А, откако прокоцка водство од два гола во самата завршница.

Рафаел Леао и Оливие Жиру беа стрелци на головите за „росонерите“ во првото полувреме, додека ВАР-технологијата му поништи погодок на Тео Ернандез поради офсајд.

Сими намали на 1-2 во 64. минута, но набрзо Калабрија стрелаше за предност од 3-1 на Милан. Меѓутоа, домашната екипа се распадна во завршницата кога Самбија и Сими стрелаа за реми (3-3).

Милан ја заврши сезоната на второто место со 75 бодови, додека Салернитана го освои последното место со 17 бода.