Мурињо објави стори со Пандев: Ова е кралот на Македонија! (ФОТО)

Поранешниот македонски фудбалер и освојувач на Лигата на шампиони (ЛШ), Горан Пандев беше дел од „тимот на светот“ на натпревар во Букурешт против златната генерација на Романија од 1994 година.

Пандев настапи покрај легенди како Дида, Панучи, Ривалдо, Стоичков, Савиола и други, а тренер на тимот беше еден од најлегендарнитe тренери на денешницата - Португалецот Жозе Мурињо, со кого во 2010 година со Интер ја освоија триплетата.

Дека Мурињо има специјален однос со нашиот најдобар фудбалер во историјата, покажува и фактот дека португалскиот стручњак објави стори на неговиот инстаграм профил со Пандев и напиша: Кралот на Македонија...

Повеќе детали за спектаклот во Букурешт, во кој со 3-2 победа тимот на романските ѕвезди можете да прочитате на следниов ЛИНК