МЗТ Скопје ја освои 11. титула во македонското првенство и му се приближи на најтрофејниот клуб Работнички кој има четири пехари повеќе од големиот скопски ривал, додека Дамјан Стојановски стигна до девет титули и им се приближи на рекордерите Марјан Ѓуров и Огнен Стојановски.

Екипата од Аеродром се искачи на тронот откако во финалната серија беше поуспешна од големито ривал Пелистер со убедливи 3-0, додека за најкорисен кошаркар во финалето беше избран Дамјан.

Дамјан Стојановски воедно освои девет титули во македонскиот шампионат, па само еден пехар го дели од Марјан Ѓуров и Огнен Стојановски.