Леверкузен го освои Купот, Џака постигна прекрасен гол (ВИДЕО)

По освоената титула во германската Бундеслига, Баер Леверкузен го крена и пехарот во Купот откако славеше со 1-0 против второлигашот Кајзерслаутерн.

„Фармацевтите“ стигнаа во водство по само 17 минути игра, кога швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака постигна прекрасен гол во мрежата на ривалот.

Во завршницата на првото полувреме беше исклучен Косуну поради два жолти картони, но второлигашот не ја искористи предноста на теренот и не постигна ниту еден гол до крајот на мечот.

Екипата на Чаби Алонсо ја заврши сезоната со само еден пораз, и тоа од Аталанта (0-3) во финалето на Лига Европа.