Несреќен пораз на одбојкарите: Македонија пропушти меч-топка и загуби од Белгија

Македонската одбојкарска репрезентација загуби со 2-3 во сетови од фаворитот Белгија во четвртиот меч од Златната лига, иако имаше меч-топка во петтиот сет.

Белгија беше подобар противник на теренот во првиот сет (25-22), но Македонија возврати во следниот (25-22) и израмни на 1-1.

Одбојкарите на Белгија повторно ја вратија предноста со освојување на третиот сет со 25-17, но Македонија во следниот славеше со 26-24.

Македонските репрезентативци имаа шанса и за победа, односно меч-топка при 15-14, но не ја искористија, по што Белгија со три поени по ред стигна до 17-15.

Македонија, сепак, и покрај поразот освои бод поради двата освоени сетови, па по четири одиграни кола се наоѓа на деветтата позиција со четири бода во Златната лига.