Пелистер 2 го прегази Голден Арт и избега од зоната за испаѓање
Голден Арт имаше предност на стартот на мечот (4-2), но потоа Пелистер 2 ја презема контролата и на паузата замина 20-15.
Битолчани доминираа во второто полувреме и постојано го зголемуваа водството до конечни 39-25.
Пелистер 2 има 33 бодови, колку и Прилеп по 13 одиграни меча, додека зад нив е Куманово со еден бод помалку.