Вардар триумфира против Детонит Плачковица со 2-0 и обезбеди опстанок во македонската Прва Лига, по што фудбалерите прославија со големиот број навивачи кои пристигнаа во Струмица да му дадат поддршка на скопскиот тим.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб мина низ турбулентна сезона, но успеа да се спаси и да остане во елитата, а фудбалерите по мечот со Детонит им се заблагодарија на „Комити“ за големата поддршка од трибините.