
Олимпијакос го реши Фенербахче во борбата за трето место во Евролигата
Грчката екипа ја освои првата четвртина со 24-16, додека на полувремето замина со водство од 48-37.
Фенербахче возврати во третата четвртина во која успеа да направи и целосен пресврт (62-61), но Олимпијакос набрзо ја врати предноста и доминираше на паркетот за да слави со 87-84.
Питерс беше најефикасен во победничкиот тим со 20 поени, шест скокови и една асистенција, додека Пјер постигна 19 поени, пет скокови и три асистенции.