Дориев влезе во голгетерска форма - седум гола на осум меча за Согдиана (ВИДЕО)

Согдиана го оствари четвртиот триумф во домашното првенство, откако денеска славеше со 4-0 против Бунјодкор, а стрелец на два гола беше македонскиот фудбалер Љупче Дориев.

Дориев погоди во 11. и 39. минута за предност на Согдиана од 2-0, додека Изатов во продолжение од првото полувреме си постигна автогол за водство од 3-0 на домаќинот.

Конечниот резултат го постави Сојибов, кој во 76. минута стрелаше за победа од 4-0 на Согдиана.

Согдиана се наоѓа на петтата позиција со 14 бодови, додека Дориев е втор најдобар стрелец во првенството со седум голови, односно еден помалку од лидерот Табатаѕе.