Барди се повреди пред собирот на македонската репрезентација (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе има собир пред пријателските натпревари против Хрватска и Чешка, но од Турција доаѓаат лоши вести за селекторот Благоја Милевски.

Фудбалерот на Трабзонспор, Енис Барди се повреди во 17. минута од дуелот против Анкарагучу и мораше да биде заменет.

Повредата на Барди не изгледа наивно, но медицинските прегледи треба да покажат колку време ќа паузира македонскиот фудбалер.