Аталанта го растури Торино и ќе го „лови“ третото место во Серија А

Освојувачот на Лига Европа, Аталанта славеше во денешниот меч против Торино со 3-0 во 37. коло од италијанската Серија А, па така се искачи на четвртата позиција, а во последното коло ќе има можност да го премине и Јувентус.

Скамака и Лукман беа стрелци на головите за екипата од Бергамо во првите 45 минути, додека конечниот резултат го постави Пашалиќ од пенал во 71. минута.

Аталанта има 69 бодови на четвртата позиција, односно два помалку од Јувентус кој ја заврши сезоната, па така екипата од Бергамо ќе мора да победи во последното коло за да заврши трета во Серија А.

На вториот натпревар кој се играше во истиот термин, Наполи ремизира против Лече (0-0).