Армстронг му пресуди на Лидс: Саутемптон се врати во Премиерлигата (ВИДЕО)

Саутемптон славеше со 1-0 против Лидс во најскапиот натпревар во светот, со што обезбеди враќање во англиската Премиерлига.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Адам Армстронг по само 24 минути игра, а Лидс почна да се буди дури во второто полувреме кога доминираше на теренот, меѓутоа не постигна гол за израмнување.

Саутемптон на таков начин се врати во англиската елита по само една сезона помината во Чемпионшип.