Фудбалерите на Вардар беа подобри од Детонит Плачковица со 2-0 во бараж-мечот и обезбедија опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ имаа голема поддршка од трибините на „Благој Истатов“ во Струмица, каде што пристигнаа верните навивачи „Комити“, додека головите за победа беа постигнати во првите 45 минути.

Дејан Ѓуриќ беше стрелец на првиот гол за скопската екипа, додека вториот погодок беше дело на Лука Шушњара во првата минута од судиското надополнување.

Вардар со оваа победа остана во Првата лига, од која сезонава испаднаа Брегалница и Македонија Ѓорче Петров, додека од следната сезона нови членови во елитата ќе бидат и Пелистер и Беса.