Заразениот Ѓоковиќ со денови се журкал низ Белград со куп познати светски тенисери!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ се позитивни на Ковид-19, а тоа беше потврдено со денешните резултати. Бидејќи тие не знаеле дека се заразени, во текот на претходните недели имале голем број активности во Белград.

Брачниот пар Ѓоковиќ успехот на „Адрија Тур“ го прославија со пријателите. Тие имаа забава во неделата на 14 јуни во еден ноќен клуб во Белград, каде што се собраа и голем број познати тенисери. Меѓу кои беа Филип Крајиновиќ, Ненад Зимоњиќ, Александар Зверев и други.

Новак и Јелена претходно биле уште неколку пати во истиот ноќен клуб и се дружеле со пријателите. Исто така, тие излегувале и во популарни ресторани во Белград, а во нивно друштво биле и тенисерите Зверев и Доминик Тим.

По престојот во Белград, брачниот пар со децата заминал во Хрватска, каде на 17 јуни го прославле роденденот на Јелена на јахта, која тенисерот ја изнајмил за овој настан.