Карловиќ се избори за второ коло и испиша историја на Австралијан опен

Иво Карловиќ е најстариот тенисер на Австралијан опен уште од 1978 година, кој се изборил за второ коло на првиот гренслем-турнир во годината, откако со 3-0 во сетови го победи Васек Поспишил.

Хрватот кој следниот месец ќе наполни 41 година првиот сет го доби во тај-брејк со 7-6, додека во вториот сет направи брејк и со 6-4 стигна до 2-0 во сетови.

Во последниот сет се водеше голема борба, слично како во вториот сет, но Карловиќ на крајот излезе како победник.

Хрватскиот тенисер во второто коло ќе игра против Гаел Монфилс, а со денешната победа стана најстариот тенисер во последните 42 години со победа на гренслем-турнир.