Венус Вилијамс во полуфинале на Индијан Велс првпат по 17 години

Венус Вилијамс ќе полни 38 години во јуни, но тоа не ја спречува да игра подобро од мнозинството тенисерки на ВТА-турнеата. Последниот доказ дека живее втора младост го почувствува Шпанката Карла Суарез Наваро.

Венус ја совлада Наваро со 6-3, 6-2 за нешто повеќе од еден час и се пласира во полуфиналето. Последен пат играла меѓу најдобрите четири на Индијан Велс уште во 2001 година. Нејзината следна противничка, тогаш се уште немала фатено рекет в рака, бидејќи уште немала полни четири години. 

Тоа е Дарија Касаткина, 20-годишната Русинка, која продолжи да импресионира совладувајќи ја Анџелик Кербер (6-0, 6-2), пласирајќи се првпат во полуфинале на еден вака голем турнир. Во второто се среќаваат првата светска тенисерка, Симона Халеп и Јапонката Наоми Осака.