Векиќ откри зошто плачела: Мислев дека ќе умрам од болки!

Хрватската тенисерка, Дона Векиќ загуби во полуфиналето од Јасмине Паолини од Италија, мечот се одликуваше со голема борба, за третиот решавачки сет се играше во тајбрејк.

Мечот траеше речиси три часа и беше еден од најдолгите во историјата на женските полуфиналиња на Вимблдон.

Во завршницата од мечот Векиќ во еден момент почна да плаче, а по натпреварот ја откри и причината за тоа.

„Мислев дека ќе умрам во третиот сет, толку ме болеа раката и ногата. Не ми беше лесно. Плачев од болки, не знаев дали ќе можам да продолжам да играм. Мојот тим ми рече дека можам да бидам горда на себе, но сега е тешко, навистина тешко“, рече Векиќ.