Српски тренер грмна: И ние и Бугарите сме „сељаци“

Српскиот стручњак на клупата на Ботев Пловдив, Душан Керкез го изнесе својот бес поради инцидентот што се случил во градот по поразот од неговиот тим од Панатинаикос во квалификациите за Лигата Европа.

Ботев загуби со 1-2 во Атина, а по враќањето од Пловдив се случил немил настан кој многу го изнервирал Керкез.

„Кога игравме против Панатинаикос, девојката на еден од моите играчи го шетала своето куче и некој навивач од ресторан ја гаѓал со домат. Срамота е тоа, зошто се случило? Затоа што тој погрешил на натпреварот. Одбивам тоа да го прифатам иако сум свесен дека лицето веројатно било во алкохолизирана состојба. Некои луѓе кои критикуваат би морале да знаат што се случува, можеби друг ќе ја гаѓа со тврд предмет, тоа може да ѝ се случи и на мојата сопруга.

Секогаш ќе застанам зад своите играчи, такви работи не смеат да се случуваат. Ова го може само на Балканкот, во Бугарија и Србија. Ние сме 'сељаци' сите... и Србите и Бугарите. Сакаме во Европа? Како ќе одиме во Европа?“, бесен беше Керкез.

Ботев вечерва од 20 часот го игра реваншот против Панатинаикос и се уште има шанса да се пласира во следната фаза од квалификациите.