
Испадна бранителот на олимписката круна, Музети го чека Ѓоковиќ
Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а Музети, кој е 16. тенисер на АТП листата ја потврди одличната форма во која се наоѓа оваа сезона. Во првиот сет загуби еден гем на свој сервис, но освои два и поведе со 1-0. Во вториот сет немаше брејк до 11. гем кога Италијанецот поведе со 6-5 и потоа на свој сервис стави точка на победата.
Во полуфиналето, Музети ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас. Оваа сезона тој има една победа против Ѓоковиќ и тоа на Мастерсот во Монте Карло.